Ужасен инцидент во Дортмунд во кој маж кој бил разделен од сопругата ја нападнал со нож пред очите на децата.
Според германски медиуми страшни сцени се случиле вчера во станбена зграда во центарот на Дортмунд.
Во извештаите се наведува дека 33-годишен маж со нож ја избодел својата три години помлада од него сопруга, нанесувајќи и повреди опасни по живот.
Таа подоцна починала во болница.
Според јавното обвинителство, трите мали деца на парот (3, 4 и 6 години) биле сведоци на делото.
Децата истрчале кај соседите, кои потоа повикале полиција.
Осомничениот 33-годишен сопруг носител на македонски пасош побегнал со автомобилот по инцидентите.
Кога пристигнала итната помош, жртвата повеќе не била свесна, а жената набргу потоа починала во болница.
Според информациите жената живеела одвоено од сопругот македонски државјанин. Таа само пред неколку дена се вселила во станбената зграда со децата. Според информациите од институциите сопругот во неколку наврати бил насилен кон сопругата.
Осомничениот молчи за наводите, се вели во информацијата што е потврдена од Јавното обвинителство на Дортмунд