(ВИДЕО) Ужасна вест утрово: 7,1 степени според Рихтеровата скала, има многу мртви – Разорен земјотрес го погоди Тибет

Најмалку 53 лица загинаа, а 62 се повредени во земјотресот со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала што го погоди Тибет.

Околу 1.500 пожарникари и спасувачи беа ангажирани во потрагата по луѓето под урнатините, соопшти кинеското Министерство за вонредни состојби.

Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил во Тибет, на длабочина од околу 10 километри, додека Кина регистрирала земјотрес со јачина од 6,8 степени, пренесе АП.

Епицентарот се наоѓал на границата на индиската и евроазиската тектонска плоча. Најголемиот град што бил во близина, Шигаце, се наоѓа на 23 километри од епицентарот.

Во Непал, во главниот град Катманду, жителите во паника ги напуштиле своите домови откако земјотресот ги разбудил, јавуваат локалните медиуми.

Според податоците на USGS, во минатиот век во овој регион се случиле десет земјотреси со јачина од најмалку шест степени.

Кинескиот претседател Си Џинпинг нареди да се испратат сите расположливи сили во Тибет за да се спасат што е можно повеќе луѓе по земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала што го погоди регионот.

Тој, исто така, повика на превенција од катастрофи, соодветно преселување на погодените жители и ефикасно справување со последиците од несреќата, објави новинската агенција Ксинхуа.

„Неопходно е да се зајакне следењето на земјотресот и рано предупредување, брзо да се дистрибуира итна помош за спасување, да се забрза поправката на оштетената инфраструктура, да се обезбедат основните потреби на населението и да се гарантира безбеден зимски период за сите“, рече Си.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде