ВОНРЕДНО Првични најави: Доаѓа голем снежен бран кај нас – Нов снег до еден метар, а ќе има и во градовите!

Најнова анализа на познатиот метео прогнозер Славчо Попоски:

Најновото ажурирање на Европскиот модел за Среднорочна прогноза (ECMWF) црта голем снежен бран и продор на многу поладен воздух од Арктикот кон Македонија, и тоа за време на викендот.

Во најголем дел од Македонија ќе има обилни врнежи претежно од снег, но најпрвин на пониските места ќе бидат од дожд, и истите полека речиси насекаде во Македонија ќе преминуваат во снег.

Со овој ладен и снежен бран, секако снег ќе донесе и во Скопскиот регион.

Како што можете да погледнете на Метеоролошката карта, на планините и Скијачките центри се очекува нов снег со висина од 50 па дури до еден метар. Значителна снежна покривка  ќе се формира  и во повеќе градови од Македонија.

Ја следиме ваквата метеоролошка ситуација, и за секоја ново  – настаната временска состојба навремено ќе бидете информирани.

НАПОМЕНА: Промени и варирања на прогностичкиот модел околу очекувањето на висината на снежната покривка за време на викендот се сеуште можни, со што нови метео информации токму околу овој снежен бран следуваат во следните мои метео објави.

Извор: Метео аларм/Славчо Попоски

Фото: Архива/Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде