Уште еден силен земјотрес утрово ја стресе земјата.
Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу 9.30 часот по локално време во Јапонија.
Земјотресот е регистриран во областа на островот Изу.
Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 349 километри југоисточно од Хамаматсу.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 382 километри под површината на земјата.