Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес ја стресе Македонија

Земјотрес утрово е почувствуван во југоисточните делови од државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. 

Земјотресот е регистриран во 7:23 часот со Рихтерова локална магнитуда од 2,2 степени и со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје.

Земјотрес беше регистриран и вчера во 18:44 часот со Рихтерова магнитуда од 2,5 степени и

интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала, со епицентар на 25 километри северозападно од Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде