Земјотрес утрово стресе делови од Македонија – еве каде е епицентарот
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија,
одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово 7 јануари 2025 година во 7 часот и 23 минути
регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 130 километри југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.2.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.