Балканот се тресе, утрово регистриран уште еден земјотрес

Утрово уште еден земјотрес го стресе регионот.

Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди јужна Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот е регистриран во 7 часот и 52 минути по локално време,

на 96 километри од градот Патра, со епицентар на длабочина од околу девет километри.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде