Серија земјотреси утрово го тресат регионот – еве каде се епицентрите
Најмалку три земјотреси ја погодија Грција за помалку од два часа, јавува ЕМСЦ.
Најсилниот земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција утрово во 6 часот и 54 минути. Регистриран е на 30 километри од Патра, на длабочина од пет километри.
Пред него, земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди земјата во 6:40 часот, исто така во близина на Патра, на длабочина од шест километри.
Првиот земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди јужна Грција, јавува EMSC.
Земјотресот е регистриран во 5:11 часот на 15 километри од Захаро на Пелопонез.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.