Тажна вест: Почина еден од најголемите фудбалери во историјата на Милан – неговиот рекорд никој нема да успее да го собори!
Поранешниот италијански голман Фабио Кудичини, легендата на Милан, почина на 89-годишна возраст, јавуваат локалните медиуми!
Кудичини остави неизбришлива трага во текот на 1960-тите.
Поради неговата агилност и способност да прави спектакуларни одбрани, го доби прекарот „Црниот пајак“, а во текот на петте сезони во Милан одигра 183 натпревари и освои бројни престижни трофеи:
титулата во италијанскиот шампионат (1967-68), Европскиот куп (1968-69), Интерконтиненталниот куп (1969) и Купот на Италија (1971-72).
Кариерата ја започна во Удинезе, а осум сезони играше и за Рома и освои два трофеи.
Како играч на Милан, тој се стекна со репутација на мајстор за пенали, а сè уште го држи рекордот за најдолга серија од минути без примен гол на Сан Сиро – 1.132 минути.
La tela del Ragno sul nostro Cuore rossonero. Per sempre. È scomparso Fabio Cudicini, campione di tutto con il Milan, grande portiere e grande persona. Le condoglianze di tutti i rossoneri al figlio Carlo, cresciuto nel Club, e a tutta la famiglia. Ciao Fabio pic.twitter.com/SeRqrhhohc
— AC Milan (@acmilan) January 8, 2025