Тешка несреќа во Македонија: Рудар се повреди на работното место, итно пренесен во болница
Вчера во приватна лекарска ординација во Крива Паланка бил донесен рудар, тешко повреден во несреќа на работното место во рудник во близина на градот, соопшти МВР.
„На 08.01.2025 во 15.00 часот во ОВР Крива Паланка, лекар од приватна здравствена установа во Крива Паланка пријавил дека кај нив со повреди бил донесен М.Ц.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во рудник во Крива Паланка“, соопшти полицијата, додавајќи дека се работи на расчистување на случајот.