К-15 или регресот за годишен одмор е право обезбедено со Колективен договор и тоа мора да се почитува.
Од Сојузот на синдикати на Македонија за Денар велат дека во најголемиот дел од случаите во компаниите од приватниот сектор каде што има синдикално организирање било испочитувано ова правило.
Но се уште има газди кои преку разни финти се обидуваат да ги прекршат правилата на игра. Доколку се утврдат нерегуларности освен парична казана предвидена е и затворска.
Дел од работниците кои не добија К-15 до крајот на ланската година пријавиле во ССМ. По реакцијата на синдикалците дел од работниците добија регрес, а дел останаа без парите кои им следуваат.
Во 80% од случаите во приватниот сектор каде што ССМ има свои членови регресот за годишен одмор со колективен договор на ниво на работодавач е утврден во висина од 100% од просечната плата и истиот веќе е исплатен, што треба да претставува причина повеќе работниците во приватниот сектор да се приклучат во ССМ.
Ова е ставот на синдитатот, од каде за Денар велат дека поради нивните заложби се повеќе се почитуваат работничките права.
Целиот текст прочитајте го ТУКА
Извор: Денар.мк