Земјотрес ја стресе Албанија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран доцна синоќа во Албанија.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во област со географски координати на географска ширина 40.243 и географска должина 19.652.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 15 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Земјотресот со послаб интензитет е почувствуван и во Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде