Во четвртокот, автомобил „опел фронтера“ излетал од коловозот на регионалниот пат с.Владимирово-Берово, а возачот завршил во болница со тешки телесни повреди.
„На 9 јануари 2025 година, во 22.56 часот, во Полициската станица Берово стасала пријава за сообраќјна несреќа. На регионалниот пат с.Владимирово-Берово, патничко возило ‘опел фронтера’, со пехчевски регистарски ознаки, излетало надвор од коловозот“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Возилото го управувал 45-годишниот М.В. од село Чифлик, пехчевско. Тој се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Берово.