Снегот почна да прави проблеми: Воведени забрани на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози со остатоци од кашест снег

по интервенција од страна на екипите на ЈП „Македонија пат“, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Активни забрани за движење на тешки товарни возила има на патните правци:

Крива Паланка-граничен премин „Деве Баир“, Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево, Пресека, Плетвар, граничен премин Делчево кон Бугарија за возила над 7.5 тона.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде