Младиот фудбалер Ноел Перичиќ (22) трагично загина во сообраќајна несреќа во Винодол додека одел на работа, оставајќи ја заедницата во шок и тага поради прераната загуба на надежниот спортист.
Перичиќ беше член на третолигашот Винодол, а фудбалската кариера ја започна во Ориент, пред да се пресели во Винодол. Важеше за талентиран и перспективен играч, омилен меѓу соиграчите и навивачите.
На оваа тажна вест емотивно реагираше неговиот прв клуб Ориент кој се прости од младиот фудбалер:
„Почивај во мир драг Ноел. Со неопислива тага во нашите срца денеска се сеќаваме на тебе и изразуваме најдлабоко сочувство до твоето семејство, како и до семејството на твојот пријател. Нашите мисли се со тебе, ова е неизмерна загуба за тебе, но и за целата наша заедница. Твојот црвено-бели клуб нема да те заборави“.
Заминувањето на овој млад спортист остави неизбришлива трага во срцата на сите што го познаваа