Почивај во мир Ване: Македонија загуби голем човек

На фејсбук страницата на Ансамблот Етнос осамна тажна вест.

Почитувани, со огромна тага и болка во нашите срца, Ве известуваме дека почина нашиот претседател, нашиот наставник и идол – Ване Наков.

Ансамблот Етнос загуби огромен човек, а сите оние кои се занимаваат со македонскиот фолклор, изгубија долгогодишен соработник од областа на изработка на стилизирани македонски носии.

Ване Наков е основоположник на фолклорниот ансамбл Етнос уште од 2004 година, каде активно работи уште од неговото основање. Токму благодарение на неговиот бесценет пристап кон богатиот македонски фолклор, тој придонесе ова непроценливо фолклорно богатство да биде негувано од многу членови на ансамблот Етнос.

Ред, работа и дисциплина – велеше дека се најбитните сегменти за успешна работа, а ние со целите свои срца ветуваме дека токму овој слоган ќе продолжи да тлее во нашите мисли со што Етнос ќе остане на она високо ниво кое го достигна со нашиот наставник.

Нашиот наставник замина, но ние ветуваме дека ќе продолжиме со неговата мисија која сиот свој живот ја работеше.

Почивај во мир, драг наш претседателе и длабоко сочувство до сите твои блиски.

Последното збогување со нашиот претседател Ване Наков ќе биде во среда, на 15.01.2025, во 11 часот во капелата на гробиштата во општина Ѓорче Петров.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде