ВОНРЕДНО: Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија округот Тингри во Тибет

Два земјотреси со јачина од 4,9 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска го погодија округот Тингри во Тибет, соопшти Кинескиот центар за земјотреси.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета, пренесе Ројтерс.

Тибет минатата недела беше погоден од земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтер, при што загинаа 126, а беа повредени 337 лица.

Да потсетиме, силен земјотрес со јачина од 6,9 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди југозападниот дел на Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Издадено е предупредување за Цунами со максимална висина од еден метар за префектурите Мијазаки и Кочин, соопшти Агенцијата.

Во префектурата Мијазаки веќе е забележано цунами високо 20 сантиметри, а како што наведува јапонската агенција, не се потврдени неправилности во работењето на нуклеарната централа во префектурата Ехиме.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде