Голема трагедија: Во пожарот во Лос Анџелес загина славната актерка

Актерката Дејлис Кари, која се појави во филмовите 10 заповеди и Блуз брадерс, загина во пожар во нејзиниот дом во Алтадена.

Таа била пронајдена во нејзината куќа која изгорела до темел.

Актерката позната како Momma D глуми и во „Lady Sings the Blues“, имаше 95 години и одамна е во пензија.

Нејзината правнука на Фејсбук објави дека Далис Кари загина во пожар. Од моментот кога избувнал пожарот, семејството стравувало од најлошото сценарио, кое за жал и се оствари.

„Пред околу еден час патологот потврди дека нејзините останки се пронајдени на имотот“, напишала правнуката која пред тажната вест ја посетила куќата на нејзината прабаба и ги покажала грозоморните сцени, пишува Дејли Мејл.

Пожарите во Лос Анџелес беснеат од 7 јануари, огнената стихија однесе 24 човечки животи додека 300.000 луѓе беа принудени да се евакуираат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде