Серија апсења во Македонија – се апсеше во повеќе градови

На 13.01.2025 во 14.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(26) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.01.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(24) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.01.2025 во 04.40 часот и во 06.30 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода Н.А.(33) и Б.Б.(54), двајцата од Прилеп. Тие се сомничат дека во периодот од 11.01.2025 до 13.01.2025 одзеле повеќе предмети од хала и товарни возила во халата, сопственост на правно и физичко лице. Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, a Н.А. и Б.Б. биле задржани во полициска станица. Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 14.01.2025 во 07.35 часот на ул.134 во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ѓ.(46) од Скопје, кој бил баран со централна потерница по наредба на OJO Скопје, во врска со член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Лицето ќе биде предадено на ОЈО Скопје.

На 13.01.2025 во 16.50 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани го лишиле од слобода К.Ж.(47) од с.Соколарци, општина Чешиново – Облешево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиротехнички средства и воздушна пушка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде