Доктор Чадиковски објави прекрасна вест:  Најмалото бебе што сме го оперирале досега – доказ дека секој живот е чудо

 Детскиот кардиохирург, д-р Владимир Чадиковски е вистински херој на медицината кој има спасено илјадници бебешки и детски животи! 

Реализираше уште една успешна операција на мало бебенце, уште еден спасен живот! 

– Две близначиња – две срца поврзани уште пред да се родат. Едното бебе со срцева мана (TGA) успеа да преживее благодарение на своето братче, кое му беше поддршка во утробата.

По раѓањето, веднаш ја направивме потребната операција, и денес со радост ги испраќаме дома – здрави и насмеани!

Најмалото бебе што сме го оперирале досега – доказ дека секој живот е чудо. Браво за тимот! – сподели доктор Чадиковски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде