Пристигна трагична вест: Жената која беше извлечена од Вардар пред неколку дена е исчезнатата Лидија

Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар е идентификувано.

Се работи за Лидија Трајовска, жената од Јурумлери кој исчезна во ноември минатата година.

Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.

Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.

Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.

Испитувањето на случајот продолжува.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде