Телото кое пред неколку дена беше пронајдено во Вардар е идентификувано.
Се работи за Лидија Трајовска, жената од Јурумлери кој исчезна во ноември минатата година.
Пред неколку дена беше пронајдена жена во водите на реката Вардар кај Зелениково.
Лидија (43) исчезна на 8 ноември минатата година, кога последен пат била видена на автобуската станица во селото.
Потрагата по неа траеше неколку месеци, а нејзиниот брат и сестра барале и меѓународна помош за да ја пронајдат.
Биле земени ДНК податоци за анализа од блиските на Лидија, и денес пристигнале резултатите со кои се потврдило дека починатата жена е нивната сестра по која неуморно трагаа повеќе од два месеца.
-Сакаме да ја информираме јавноста дека е пронајдено телото на нашата сестра Лидија. Засега тоа е единствениот официјален податок кој го имаме, не знаеме како и од што починала, кога ќе имаме официјални новости од надлежните служби, ќе ги соопштиме за јавност.
Сите сме потресени, но истовремено, му благодариме на Бога што ни ја врати назад, барем да ја погребаме достоинствено. Периодот на неизвесност кој го минавме, а и ова кое се случува сега, никому не го посакуваме. Премногу е тешко…
Благодариме на сите кои ни пружија поддршка во тешките моменти додека ја баравме нашата сестра, на сите кои се ставија во наша кожа и покажаа грижа и разбирање, истакнаа братот и сестрата на Лидија за Фокус.