Тажна вест ја потресе ракометна Македонија: Ненадејно почина Александар Јовиќ

Утрово македонскиот спорт и ракометот се во жалост поради ненадејната смрт на Александар Јовиќ, некогашен македонски репрезентативец и тренер, пишува 24ракомет.

Јовиќ, роден во Бјелина, Босна и Херцеговина, беше дел од историјата на македонскиот ракомет со настапи за тимови како Јафа Промет, Вардар, Пелистер и Металург.

По завршувањето на играчката кариера, успешно се посвети на тренерската професија, постигнувајќи значајни резултати во Металург, Еурофарм Пелистер и Пролет.

Беше дел од репрезентативната генерација што играше на СП 2009 и ЕП 2012.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде