Кејлин Браун (17) од Џексонвил трагично починала, откако ѝ била послужена баклава во средното училиште Атлантик Коуст, иако страдала од алергија на јаткасти плодови.
Со оглед на тоа што Кејлин не знаела од што е направена баклавата, ги прашала вработените во училиштето дали во неа има јаткасти плодови и тие и рекле дека не, пренесува Dailymail.
Нејзиниот татко Стивен Браун изјавил дека Кејлин тогаш ја изела баклавата, но се покажало дека имало фил од ф’стаци. Не долго потоа, Кајлин почнала да чувствува симптоми на алергиска реакција.
Таа информирала училишен работник за нејзината состојба, но ѝ било дозволено да го напушти училиштето наместо да биде упатена кај училишната медицинска сестра за итна евалуација, како што налага нејзиниот план за алергија.
Кајлин се обидела да ја ублажи реакцијата купувајќи лек од блиската аптека, но набрзо доживеала анафилактичен шок и срцев удар. Три дена подоцна, на 30 април, паднала во кома и починала.
Стивен Браун поднесе тужба против училишната област, обвинувајќи ги за невнимание и неуспех да го спроведат договорениот план за управување со алергија. Во тужбата се истакнуваат неколку флагрантни прекршувања на должноста, меѓу кои: несоодветна обука на училишниот персонал за процедурите за алергија на храна; Обезбедување неточни информации за состојките на десертот и дозволување на ученикот да го напушти училиштето без соодветна медицинска евалуација.
Овој трагичен случај ги истакнува сериозните пропусти во училиштата во однос на безбедноста на учениците со алергии опасни по живот.
Во тужбата таткото барал отштета поголема од 50.000 долари, чиј износ не е наведен. Овие пари се за покривање на трошоците на семејството по смртта на Кејлин Браун, вклучувајќи ги и трошоците за погреб, медицински сметки, губење на приход и страдање на мајката и таткото. Очајниот татко, Стивен Браун, проговори преку „News4JAX“:
„Првото прашање што ми падна на ум беше – Зошто го напушти училиштето? Или зошто ѝ беше дозволено да го напушти училиштето ако наставникот знаеше дека има алергиска реакција? Првото нешто што помислив беше, зошто не беше повикан 911? изјави таткото на починатата ученичка.
Отворена е веб-страница GoFundMe за да се соберат пари за да му се помогне на семејството да ги покрие медицинските трошоци. Ен Браун, бабата на починатата, рече дека Кејлин била на матурска вечер пред ненадејно да почине.
„Кајлин сакаше да стане анестезиолог и ги имаше потребните оценки за тоа и сè друго со што можеше да се занимава“.
Родителите решиле да ги донираат органите на својата ќерка. Од четвртокот наутро, биле собрани повеќе од 27.900 долари за помош на семејството.