Полицијата во Загреб врши интензивна потрага по дете кое, како што вели нејзината мајка, со неа влегло во реката Сава.
Огромна потрага е организирана покрај брегот на реката Сава, од мостот Јанкомир низводно, каде што се распоредени бројни полициски и други служби за итни случаи.
„Денеска околу 16 часот и 10 минути во коритото на реката Сава кај мостот Јанкомир, жена со дете во рацете влегла во реката, и е укажана лекарска помош, додека се вршат интензивни мерки за да се пронајде детето“, соопшти полицијата.
Доколку се потврдат нејзините наводи дека го убила детето, жената кривично ќе одговара за убиство на дете.
Инаку, во тек е потрага по тригодишно девојче, неофицијално дознава РТЛ.