Доаѓа нов снежен бран – еве кога започнуваат врнежите

Од овој петок, па за време на викендот ќе имаме стабилизирање и целосно разведрување на времето во Македонија,

и истото ќе услови да имаме многу студени ноќи у утра, кога температурите насекаде низ Македонија ќе се спуштаат под нулата, пишува Славчо Попоски.

„На повеќе места температурите се очекува да се спуштаат под -5 степени, односно близу -10 степени, а во делови од Македонија тие ќе се спуштаат и под -10 степени, односно до близу -15 степени.

Од друга страна пак, максималните дневни температури ќе бидат во постепен пораст, па така од петок и за викендот насекаде ќе бидат над нулата, со исклучок на високите планини и Скијачките центри.

После ова, на повидок и тоа по 20 јануари се нови многу ладни продори од север  и од северисток кој ќе условуваат многу ниски температури на воздухот, а ќе донесат и нови снежни врнежи.

Состојбата околу ова постојано ќе ја следам и јавноста навремено ќе биде информирана токму околу оваа ситуација“, вели тој.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде