Нови моменти од Србија: Ќе бидат ли пуштени на слобода осомничените за убиството на малата Данка?

Сите очи во Србија се вперени во Вишиот суд во Заечар реши да го преиспита случајот со убиството на Данка Илиќ (2) во Бор. Претходно Апелациониот суд го врати обвинителниот акт на дополнение, посочувајќи дека првостепениот суд не ги образложил фактите кои биле предмет на докажување, туку се занимавал со оцена на доставените докази.

Случајот дополнително се комплицира поради фактот што за два дена им истекува притворот на осомничените за убиството, Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ. Според судот има основа за продолжување на притворот, но адвокатите на осомничените велат дека повторно ќе поднесат жалби.

– Притворот на осомничените (веќе еднаш беше) беше продолжен, поднесовме жалба во јануари, но одговор сè уште не добивме. Според судот, има основи за притвор на осомничените, но ќе продолжиме со жалбите, иако сè е испреплетено – изјави за српски Курир Вања Живковиќ, адвокатката на осомничениот Драгијевиќ велејќи дека сè уште се чека одлуката на Вишиот суд во Зајечар.

Како што беше објавено претходно, судот има рок од 15 дена да донесе одлука, а бидејќи на 31 декември Апелациониот суд го врати обвинителниот акт на повторно разгледување, многу брзо може да се очекува нова одлука на судот во Зајечар.

Aдвокатoт на таткото на Драгијевиќ, кој е осомничен дека му помагал на синот и дека не го пријавил злосторството, истакна дека судот има рок да донесе нова одлука, но дека може да се случи и судиите да отстапат од предвидениот рок.

– Судот има рок за новата пресуда во врска со обвинението за убиството на Данка Илиќ, ќе видиме кога ќе биде, сите чекаме. Што се однесува до притворот, сметам дека на обвинетите нема да им се укине притворот – изјави адвокатот Јовановиќ.

Што стоеше во образложението на решението на Апелациониот суд во врска со случајот?

„Вишиот суд во Зајечар ќе треба да изнесе јасни причини за оправданото сомневање во однос на фактите кои ги сочинуваат елементите на кривичните дела за кои се товарат обвинетите, и ќе треба да ги наведе конкретните докази од кои произлегуваат овие факти“, се истакнува во образложението на судските решенија.

Исчезнувањето на малата Данка беше тема на голема јавна дебата во Србија и регионот, откако на 26 март минатата година исчезна без трага. Брзо потоа, пристигна вест дека Данка не е повеќе водена како исчезнато лице. Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ беа уапсени за нејзиното убиство на 4 април и од тогаш се во притвор, а телото на девојчето сè уште не е пронајдено.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде