Овде е пронајдено телото на Ивона Савиќевиќ: Една работа останува мистерија

Телото на Ивона Савиќевиќ е пронајдено во населбата Штеќе кај Подгорица, соопштија од Полициската управа за „Вијести“.

Според првичните информации, полицијата претпоставува дека се работи за самоубиство, но тоа ќе се знае по сите анализи и вештачења.

Според пишувањата на медиумите од регионот, телото на Ивона Савиќевиќ било пронајдено во близина на местото каде последен пат била видена како вози.

Сепак, една работа останува мистериозна: како е можно телото да е пронајдено само три дена подоцна, на местото каде што последен пат била видена.

Истрагата ќе ги утврди деталите за случајот.

Да потсетиме, нејзиното исчезнување во полиција го пријавило пред три дена нејзиното семејство.

Во потрагата по Ивона Савиќевиќ биле вклучени и беспилотни летала и хеликоптер MUP, пренесува cdm.me.

Кога исчезнала на 13 јануари возела металик сина „Опел Антара“, соопшти Управата на полицијата, пренесува РТЦГ.

Ивона зад себе остави ќерка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде