Пронајдено е телото на Ивона Савиќевиќ од Подгорица која исчезна пред три дена, дознава порталот РТЦГ од Полициската управа.
Ивона Савиќевиќ последен пат е видена во областа Штек, по што и се губи секаква трага.
Полицијата три дена ја бараше Савиќевиќ, родена 1983 година, откако нејзиното семејство ја пријавило како исчезната и апелирала до граѓаните да ги известат доколку имаат некаква информација.
Кога исчезнала на 13 јануари, управувала металик син „Опел Антара“, соопштија од Полициската управа.
Братот на Ивона за „Блиц“ раскажа што се случило на денот на нејзиното исчезнување.
-Тој ден, 13 јануари, таа ми испрати проштална видео порака во 15 часот и 16 минути и повеќе не се јави на телефон.
Таа испрати и проштални пораки до нејзината сестра и нејзините пријатели. Веднаш известивме полиција, но веќе трет ден немаме никаква трага – вели Срѓан.
Според него, Ивона во последно време била во депресија.