УЖАС: 17-годишнo момче доживеа струен удар на цистерна-вагон

На пругата во Кисела Вода денеска се случил сериозен инцидент кога младо момче, кое било качено на цистерна-вагон, доживеа струен удар.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) за ТВ21 го потврдија настанот и информираа дека момчето веднаш било пренесено во Ургентниот центар со возило на Итната медицинска помош.

„Денеска во 14.55 часот на пругата на територија на Кисела Вода, 17-годишник од Волково, кој бил качен на цистерна-вагон, доживеал струен удар, при што цистерната се запалила.

Со возило на Итна помош, повредениот е пренесен во Ургентен центар“, потврдуваат од МВР за ТВ21.

Повеќе детали за состојбата на повредениот и причините за несреќата сè уште се очекуваат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде