Министерството за внатрешни работи потврди дека Раде Трајковски Штекли е уапсен.
-Во полициска акција лицето за кое прашувате по Наредба на ОЈО за ГОКК е лишено од слобода, велат од МВР за Курир.
Штекли бил уапсен во близина на хотел во Гевгелија, при обид за бегство.
Тој се сомничи за трговија на дрога. Предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства. МВР и Бирото за јавна безбедност се во потрага и апсење на целата негова група.
Оваа акција на МВР следува по сузбивањето на арачиновската група Беланоца.
Штекли е познат по пресметките со нарко картелите. Тој се поврзува со низа кривични дела, во август и во октомври 2023 година избегна два обиди за убиство на иста локација – во Ист Гејт Мол во Скопје.