Најнова вест: Промена на терминот за натпреварот против Австрија

Најнова вест: Промена на терминот за натпреварот против Австрија

ИХФ од претходно ги имаше утврдено термините и сатниците за главната фаза согласно пласманот на репрезентациите од првата рунда,

но светската куќа на ракометот повторно направи каша-попара, менувајќи ги почетоците на првите два меча на Македонија.

Дуелот со Австрија требаше да го играме од 18 часот, но по направените промени македонските ракометари ќе излезат на мегдан во 15.30 часот и токму со овој дуел ќе биде официјално отворена главната фаза во Вараждин.

По нас, во 18 часот е закажан дуелот Холандија – Катар, а круна на програмата ќе биде пресметката на двете првопласирани селекции од првата фаза, Франција против Унгарија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде