Не успеа да издржи: Почина 17-годишното момче кое се здоби со изгореници од струен удар

Почина 17-годишното момче од скопско Волково, кое доживеа струен удар додека се снимаше на вагон на пруга во Кисела Вода на 16 јануари, потврдија од Клинички центар.

„За жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент со изгореници и тешки телесни повреди“, велат од Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).

Оттаму додаваат дека момчето било третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата за интензивно лекување, земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.

Пред две години, 17-годишна девојка, исто така, доживеа струен удар додека се снимаше на вагон во Маџари. Тогаш, девојката преживеа, но имаше изгореници од трет степен на 30 проценти од телото и помина месец дена на лекување во болница.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде