ПРОБЛЕМИ ЗА МАКЕДОНЦИТЕ СО БУГАРСКИ ПАСОШИ – ова никој не го очекуваше!

Бугарското обвинителство води истрага за тоа како се ваделе бугарски пасоши за странски државјани меѓу кои и од Македонија, Косово и Молдавија.

Како што објавија бугарските медиуми повикувајќи се на Обвинителството, поранешниот градоначалник на селото Рилци кај Благоевград Живко Чукарски во текот на истрагата признал дека изготвил и потпишал 246 потврди за постојана адреса на живеење за македонски државјани, без тие всушност да бидат присутни во селото или да ги достават потребните документи за регистрација на адресата.

Тој ја признал вината и склучи спогодба со Окружното обвинителство во Благоевград за сторено документирано кривично дело поврзано со незаконско регистрирање на државјани од Македонија.

Според информациите, во селото Рилци од 2016 до 2019 година биле регистрирани повеќе од 4.000 македонски државјани. Истрагата покажува дека регистрациите биле вршени на непостоечки адреси.

Во соседното село Бело Поле регистрирани биле повеќе од 10.000 македонски граѓани, кои мештаните никогаш не ги виделе, јавуваат бугарските медиуми.

-Македонците биле ‘привилегирани’ при добивање на бугарски пасоши. Ангажирани биле преку 100 медијатори кои прибирале документи, обезбедувале фиктивни живеалишта и посредувале пред институциите, изјавил сведок за Бугарската национална телевизија БТВ.

Сите 247 Македонци кои извадиле бугарски пасоши, а за кои екс градоначалникот на Благоевград призна вина за фалсификат ќе си ги задржат патните исправи. Бугарија под притисок на ЕУ само демонстрира дека прави нешто, а во суштина не прави ништо, изјави адвокатот Тони Менкиноски за ТВ Алфа.

Тој вели дека Македонците со пасошите коишто се дел од предметот за екс градоначалникот Живко Чукарски ќе платат само прекршочна глоба бидејќи ја злоупотребиле постапката за вадење на државјанство.

Имено, бугарските медиуми откриваат дека процесот за добивање бугарски пасоши од 2016 до 2019-та во Благоевград бил претворен во профитабилен бизнис. Македонците плаќале до 1.000 евра за пасош, додека граѓаните на Косово плаќале и до 5.000 евра.

Главна улога во процесот играле повеќе од 100 „медијатори“, кои обезбедувале документи за потекло, фиктивни адреси и поддршка за процесот во институциите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде