Актерот Кристофер Бенџамин почина неколку дена по неговиот 90-ти роденден.
Кристофер Бенџамин на публиката и е познат по улогата во серијата „Доктор Ху“, а тажната вест ја потврди и неговото семејство.
„Со голема тага објавуваме дека нашиот татко Кристофер Бенџамин почина на 90-годишна возраст.
Еден од ретките преостанати актери од „старата школа“, тој имаше огромна и обемна кариера која траеше седумдесет години, опфаќајќи театар, радио, ТВ и филм.
„Љубовта на Кристофер кон глумата започна во училиштето Варминстер, каде што учествуваше во училишни продукции и се истакна во глумата, крикетот и музиката, како и многу повеќе“, пренесува The Mirror.
Кристофер го толкуваше ликот на доктор Хенри Гордон Јаго во серијата „Doctor Who“ од 1977 година, а улогата ја повтори во 2010 година во серијата „Iago and Lightfoot“.
Бенџамин го видовме и во продукциите „Пекол“, „Еднорог и оса“, „Човекот во соба 17“, „Одмаздници“, „Полдарк“, „З-автомобили“, „Кога бродот влегува“, „Дневникот на Ана Франк“, „Дик Терпин“ и други.