Голема трагедија го потресе регионот: Осум загинати и седуммина повредени во пожар во дом за нега на стари лица

Голема трагедија во Србија.

Според последните информации, осум лица загинаа, седум се повредени, а 13 се спасени во пожар што утринава избувна во дом за стари лица во населбата Велики Борак во белградската општина Бараево.

Во моментот на избувнувањето на пожарот во објектот имало 30 корисници.

Седум повредени се пренесени во ВМА и Ургентниот центар.

Како што се дознава, пожарот го предизвикало лице кое запалило душек во соба во домот за стари лица, кој изгорел во пожарот. Лицето што го запалило имало одредени психички проблеми.

„Постојат сериозни индиции дека оваа трагедија е предизвикана од криминални активности на поединец. Домот ги имаше сите дозволи и важечка лиценца“, изјави министерот Немања Старовиќ за РТС.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде