Ресторан Antica се прости од младиот Бојан чиј живот згасна деновиве, поради струен удар.
Почивај во мир дете младо, дете златно, дете наше
Патувај и летај слободно со ангелите во вечноста
Чувај не и пази да не згрешиме некоја резервација и чекај не, чекај не горе, ќе работиме пак заедно, а дотогаш..
Ќе плачеме и ќе плачеме многу и ќе се надеваме дека во 14:00 ќе се појавиш на врата и насмеан како и секогаш ќе ни кажеш добар ден
Не изгубивме работник, изгубивме брат, другар, колега, дете, чедо
Нека ти е лесна земјата и светол патот до небесата
Те сакаме 🕊