Утрово објавена најновата прогноза: Следува голема промена на времето

Барем од она што можам сега да го кажам, следниот викенд, односно на 25  и на 26 јануари кон Македонија ќе продре значително потопол воздух од југ  и од југозапад,

па токму ова ќе услови натпросечно високи температури на воздухот кои на повеќе места ќе надминуваат 10 степени, а во југоисточните предели тие ќе се искачат до околу, па дури и над 15 степени.

Сепак и покрај ова, температурната инверзија ќе се задржи и во новата седмица во Македонија, односно ќе има денови кога на планините  и на

Скијачките центри ќе биде потопло, од колку по котлините каде ќе има многу пониски температури до околу, па и под нулата, како и појава на густа магла и ниска облачност, особено во ноќните  и во утринските часови.

Ќе остане претежно тивко времето и без ветер.

Исто така, новата седмица ни носи и повеќе облачност, па  и услови за повремени послаби врнежи од дожд, а на планините над 1300, 1400 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег, особено во вторник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде