Ужасна вест го потресе светот: 12 годишно девојче загина по напад од кучиња скитници

Во турскиот град Јуксекова, 12-годишната Еслем Текер стана жртва на глутница кучиња скитници додека минувала низ ливада во близина на својот дом.

Девојчето, кое штотуку го добило свидетелството од училиштето, било брутално нападнато додека се упатувало кон библиотеката.

Очевидци сведочат дека нападот бил ненадеен и брутален. Жителите на околните куќи се обиделе да ѝ помогнат, но повредите биле фатални. Брзата интервенција на локалното население и лекарите не успеала да го спаси животот на девојчето.

Реакции и мерки

Жителите на Хаќари, веќе загрижени за проблемот со кучињата скитници, изразија гнев кон локалните власти поради игнорирањето на нивните предупредувања. „Ова можеше да биде спречено,“ изјави еден од мештаните.

Инцидентот привлече внимание и на државните функционери. Министерот за земјоделство и шумарство, Ибрахим Џумакли, вети итно решавање на проблемот:

„Неприфатливо е децата да бидат жртви на негрижата. Ова прашање ќе го решиме согласно законот.“

Последици

По трагедијата, надлежните започнаа акција за собирање на кучињата скитници. Повеќе од 20 кучиња се пренесени во засолниште, но жителите веруваат дека мерките доаѓаат предоцна. Оваа трагедија го отвори прашањето за безбедноста и одговорноста на властите кон граѓаните.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде