Еден рудар загина, а двајца се водат за исчезнати: Трагична несреќа доцна синоќа во рудник за јаглен во Словенија

Еден рудар загина, а двајца се водат за исчезнати во словенечкиот рудник за јаглен во Велење, откако еден од тунелите беше поплавен и затрупан од големо количество тиња.

Несреќата се случила вчера во 19 часот и 10 минути, а бидејќи тунелот бил затрупан под десетици метри кал, се очекува двајцата рудари да не преживеале, јавуваат словенечките медиуми.

Полициската управа Цеље соопшти дека телото на рударот кој беше пронајден мртов е извлечено од рудникот.

Во моментот на несреќата на местото на ископот имало 14 лица, од кои повеќето успеале да побегнат, а тројца останале заробени.

Спасувачите се уште работат за да стигнат до затрупаните рудари и рачно откопуваат кал и друг материјал што влегол во ископот, јавува N1 Словенија. Засега не е познато зошто дошло до несреќата.

Велење денеска ќе го посети и словенечкиот премиер Роберт Голоб, кој во понеделник на социјалната мрежа Х објави дека е длабоко потресен од веста за трагичната несреќа.

„Искрено сочувство до семејството и роднините. Моите мисли се со сите погодени од оваа трагедија. Искрено им благодарам на спасувачите за напорите и посветеноста да направат се што е во нивна моќ“, напиша словенечкиот премиер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде