Единаесет годишник тешко повреден откако падна од трет кат во училиште во Прилеп.
Ученикот веднаш е префрлен во прилепска болница, а од таму итно е испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Ученикот се здобил со повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете.
Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, вели директорот на детска хирургија Лазар Јовчевски.
Несреќата се случила во втората смена на големиот одмор, кога сите ученици биле излезени во дворот.