Ужасна вест: Поранешниот македонски селектор е тешко болен, му бил дијагностициран рак

Поранешниот македонски селектор Среќко Катанец го откажа своето учество на подготвителниот камп на репрезентацијата на Узбекистан поради здравствени проблеми.

Узбекистанската фудбалска федерација кратко информираше дека селекторот на оваа репрезентација Среќко Катанец, поради здравствени проблеми, нема да ја предводи селекцијата на планираните подготовки.

Медиумите од оваа земја, информираат дека повторно е влошена состојбата на 61-годишниот Катанец откако претходно, наводно, му бил дијагностициран рак, и покрај тоа што од федерацијата нема официјална потврда за тоа.

Медиумите пренесуваат дека, и покрај тешката болест, Катанец изминатиов период продолжил да ги извршува своите работни обврски како селектор на Узбекистан.

Катанец ја предводеше Македонија во периодот од март 2006 година до април 2009 година на вкупно 16 официјални квалификациски натпревари.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде