Авионот кој полета од Базел кон Скопје вечерва кружи над скопскиот аеродром „Меѓународен аеродром Скопје“, бидејќи поради екстремно намалената видливост не може да изврши слетување.
Според последниот METAR извештај од аеродромот, хоризонталната видливост е сведена на само 300 метри, додека вертикалната видливост е ограничена на 100 стапки поради густа магла.
Доколку маглата не се разреди во краток временски период, постои можност авионот да биде пренасочен кон друг аеродром во соседството.
Слични временски услови го отежнаа и воздушниот сообраќај во претходните денови, кога неколку авиони беа пренасочени кон соседните аеродроми.
Патниците кои се наоѓаат во авионот се информирани за состојбата.