Македонија тагува: Почина познатиот ликовен уметник

Почина сликарот Коле Манев, еден од најеминентните македонски ликовни уметници, објави неговото семејство. Имаше 83 години.

Манев е роден на 11 ноември 1941 во Бапчор, Егејска Македонија. Манев спаѓа меѓу најреномираните сликари, но тој е и филмски и телевизиски творец. Училиште за применета уметност завршил во Скопје. По студирањето на Ликовната академија во Белград (1960) заминал на студиски престој во Париз. Потоа престојувал во Прага, каде што посетувал предавања за анимиран филм. Манев своите дела ги изложувал на повеќе самостојни и групни изложби во Македонија, во Франција, како и во земјите од Балканот. Добитник е на голем број меѓународни награди и признанија за филм и за сликарство. Манев е сценарист и режисер на долгометражниот документарец „Тулгеш“ (1977), краткиот документарец „Црно во црно“ (1984), телевизискиот филм „Мост“ (2006).

Добитник е на голем број државни и меѓународни награди и признанија за сликарство и филм, меѓу која е и наградата во 2006 од француското Министерство за култура која му ја доделува наградата „Почесен витез на уметноста и творештвото“.

Има реализирано околу триесетина изложби и учесник е на многубројни групни изложби во Македонија, Франција и земјите од регионот.

Во 2023 го доби  признанието за животно дело во стрипот „Љупчо Филипов“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде