Најнова вест: Силен земјотрес со јачина од 5,1 степени утрово во соседството

Силен земјотрес со јачина од 5,1 степен синоќа беше регистриран во морскиот дел северно од грчкиот остров Лезбос,

а освен одрон на земјиште на локален пат не е регистрирана друга материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.

Превентивно, денеска ќе останат затворени училиштата во три општини на островот.

Земјотресот беше почувствуван и на околните острови, но и во дел од турското крајбрежје што е во близина, а следеа осум помали земјотреси во текот на ноќта.

Професорот и претседател на Организацијата за планирање и заштита од земјотреси Ефтимиос Лекас за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека по 48 часа ќе има јасна слика нагласувајќи дека се истражува поврзаноста на земјотресот со раседите во конкретниот регион.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде