Се судрија два „голфа“, има повредени
На патот Мавровска крстосница – Дебар, вчера се случила сообраќајна несреќа меѓу два автомобили „голф“, управувани од 65-годишник од гостиварското село Равен и 38-годишен маж од Дебар.
Во несреќата, со телесни повреди се здобил 65-годишниот возач,
а неговата сопатничка, албанска државјанка со престој во селото Равен, била тешко повредена.
Двете лица биле пренесени во болницата во Гостивар, а на местото на несреќата бил извршен увид, велат од МВР.