Славчо Попоски сепак се предомисли: Испрати известување до јавноста

Славчо Попоски со официјална информација до јавноста:

Почитувани, по сите настани кои ми се случуја изминатиот период, односно, бев мета на најголемите навреди кои можат да постојат, исто така и исмејуван и објавуван со мои лични фотографии од фејсбук страници.

Денес (22.1.2025 среда) по разговорот со мојот адвокатски тим, околу овој случај, секако со кој запознаена е и полицијата, донесовме одлука засега да не покренуваме постапка за кривични пријави, меѓутоа,

мојот адвокатски тим постојано ќе ја следи состојбата и ќе биде информиран за секоја нова навреда упатена кон мене како јавна личност, упатувам апел до граѓаните да се воздржат од коментирање и користење на погрдни зборови,

и доколку се случува ова и понатаму ќе се собираат материјали и нови докази, по што тогаш и официјално ќе следуваат кривични пријави од наша страна.

Ви благодарам, со почит кон вас почитувани граѓани!

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде