Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Намалена видливост од 50 до 100 метри поради магла има на планинскиот премин „Страцин“, како и во Битола, Прилеп, Мекедонски Брод, Кочани, Делчево, Струмица и Петровец.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.