Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Филипините,
при што се оштетени згради и пат во близина на епицентарот, соопштија властите.
Регистрирани се најмалку 45 последователни потреси.
Мајор Барни Катиг, началник на полицијата во градот, рече дека земјотресот бил краток, но силен.
„Никој не е повреден, но најмалку 18 домови и владини згради претрпеа „мали штети“.
Најмалку еден автопат има пукнатини од земјотресот, но и понатаму е прооден, рече Катиг.