Трагедија ја потресе Македонија: Жена пронајдена мртва со повреди по телото

Кавадарчанка била пронајдена почината со повреди по телото. По наредба на јавен обвинител, телото било дадено на обдукција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Како што појаснуваат, синоќа во 23:40 часот во СВР-Велес – ОВР-Кавадарци, кавадарчанката Д.Т. пријавила дека во станот каде што живее во градот, ја пронашла почината со повреди по телото нејзината мајка С.С.С., на возраст од 52 години.

Лекар од болницата во Кавадарци констатирал смрт. Увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР – Кавадарци и јавен обвинител од ОЈО – Кавадарци, по чија наредба, телото било дадено на обдукција.

Од ОЈО Кавадарци за ,,Фокус” истакнаа дека точната причина за смртта на жената ќе се знае по добивањето на резултатите од обдукцијата, односно дека од Судска медицина зависи кога ќе ги имаат деталите.

-Од првичните информации со кои располагаме, жената живеела сама во социјалните згради во близина на училиштето ,,Гоце Делчев”. Пред да го пронајде нејзиното тело синоќа, ќерка и ја немала видено неколку дена.

Затоа, не го знаеме ниту точното време кога настапила смртта, односно колку време жената била почината. Одговорот на тоа, и на сите останати прашања ќе ги дадат резултатите од обдукцијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде